Почетна » Архива » 2010


Новогодишни честитки 2010 - 2011

Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија, шеста година по ред спроведува - Продажба на новогодишни честитки за реализирање на активностите на Амбасадата (сите активности се бесплатни).
Приходот од честитките ќе биде наменет за:
 - СОС - телефон за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија)
 - Борба против педофилија и секаков вид насилство врз децата
 - Дневен центар за деца кои не одат на училиште
 - Бесплатна правна служба

Честитките со мотив 1 и мотив 4 се со димензии 17cm x 12cm, сите останати мотиви се со димензии 20сm x 10cm.
Честитката со мотив 1 е со цена од 50,00 денари, бидејќи на самата честитка има петта златна боја.
Mотивите 2,3,4,5 и 6 се со цена од 40,00 денари и мотивите 7 и 8 се со цена од 30,00 денари, бидејќи се во ограничени количини. Со секоја купена честитка следува плик.
Внатрешноста на честитките е празна со можност за дополнително печатење на сопствена порака или лого, доколку порачката на истите е над 100 парчиња. Цената на печатењето е 7,00 денари во црно-бело и 9,00 денари во боја. За нарачка поголема од 500 парчиња  дополнителното печатење на црно-бела порака или лого е бесплатно. Доколку порачката е поголема од 150 парчиња за градот Скопје доставувањето го вршиме ние.

Честитките можете да ги порачате на телефонскиот број: 02/2465 - 316, тел. факс: 02/2463 - 900
по пошта на ул. „Коста Новаковиќ” бр. 22 а, 1000 Скопје,
на електронска пошта: info@childrensembassy.org.mk
или да дојдете во просториите на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши.