Почетна » Архива » 2008

Загрижувачки бројки на малолетничка деликвенција Катерина ГетеваКоментари (0)

16.11.2008 16:40

Малолетните деликвенти најчесто завршуват во Шутка
 
Загрижува бројката на извршени криминали од малолетниците, уште повеќе фактот што тие се се повеќе свирепи и брутални.

Минатата година, Марко, заедно со уште петмина извршиле вандализам на споменик во Струмица.

Украле месингани букви, Марко чувал стража, додека неговите возрасни пријатели во бизнисот, краделе.Марко веќе 10 месеци е во затворот за малолетници во Шутка. Келијата ја дели со негови врсници, но и помали деца некои од нив со поголемо криминално досие, за дрога, за тепачка, некои дури и за убиство.

Статистиката во МВР вели дека само во последните девет месеци биле решени 1690 криминални дела направени од малолетници, а биле пријавени 2863 сторители, но загрижува фактот што 2732 малолетници го повториле делото.

Зошто овие малолетни деликвенти по одлежувањето на затворската казна повторно му се вратиле на криминалот?

„Не постои прифатен центар, во центарот за социјална работа, каде што ќе работат со нив, и не се работи доволно за ресоцијализација со овие деца, додека се уште во воспитно-поправниот дом. Децата се во казнениот затвор во Шутка згрижени и тие тоа повеќе го доживуваат како репресивна воспитна казна и заедно се со постарите престапници на кривични тешки дела. Едноставно, уште од затвор се регрутираат за повторување на делото“, изјави Драги Змијанац, Меѓаши.

Силни критики за условите во кои треба да се социјализираат малолетните деликвенти речиси секоја година доаѓаат и од УНИЦЕФ и од Меѓаши.

Организациите кои се залагаат за правата на децата велат дека малолетничките затвор наместо да бидат институции каде криминалците ќе се ресоцијализираат, овде име се зголемува можноста од постари да учат криминални вештини и кога ќе излезат од затвор повеќето од нив стануваат членови на големи криминални банди.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100274