Почетна » Архива » 2008


Скопска апелација ја потврди 15 годишната казна затвор за педофилот од Богомила 
 
Скопска апелација ја потврди 15 годишната казна затвор за педофилот од Богомила. Повисокиот суд се согласил со пресудата на велешкиот Основен Суд кој во септември минатата година го прогласи за виновен 57 годишниот Трајче Петковски.


Осудениот Петковски во јуни годинава извршил полов напад врз 12 годишно девојче од селото а сексуално се изживувал и врз сопствената ќерка. Грозниот чин се случил во неговиот дом, кога кај неговата ќерка на гости дошла нејзината другарка и соученичка од училиштето за посебни потреби. Педофилот насила го легнал девојчето и блудничел врз него . полициската истрага открила дека полово ја злоставувал и сопствената ќерка.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=46504&mid=1500&tabId=1&tabindex=0