Почетна » Архива » 2008


Промоција на книга -ОДАМ НА СУД-


На 2 јули 2008 година, во Домот на АРМ се одржа промоција на книгата -Одам на суд-.

 Книгата му се обраќа на секое дете од 5-11 години кое треба да сведочи на суд, како жртва или сведок на насилство. Таа има за цел да му ја доближи ситуацијата која ќе ја сретне во судницата, за подобро и безболно да помине низ судскиот процес.



-Одам на суд- дел од проектот -Детето е сведок кој бара посебна грижа-, реализиран во партнерство со Фондацијата Ничии Деца од Полска. Автор на книгата е Мариа Келлер Хамела.

Промотoри беа М-р Драги Змијанац, Василка Божиновска (судија за малолетници при Основен Суд Скопје 1) и Маргарита Цаца Николовска ( поранешен судија во Европски Суд за човекови права).

Гости на промоцијата беа претставници на владини институции, обвинителството, граѓанските организации и медиумите. повеќе