Почетна » Архива » 2008


Интервју со М-р Драги Змијанац за Новинска агенција ФОКУС, Бугарија 25 септември 2008 Новинар: Сунчица Стојанова

 http://www.focus-news.net/?id=f10204


1. Г-н Змијанац, Владата преку одредени министерства почна да спроведува акција за да ги згрижи децата од улица. Како ја оценувате акцијата?

 


Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја разбира потребата Владата на Република Македонија преку Минстерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи да се справи генерално со злоупотребата на детскиот труд вклучувајќи го и питачењето како општетсвен и социјален проблем со кој се соочуваат и побогатите држави. Државата се обврзала со ратификација на Конвенцијата за спречување на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд  да се ангажира во исполнување на преземените обврски предвидени со Конвенција. Но, ние како Амбасада на децата едноставно сакавме и моравме да укажеме дека привременото отргнување на децата од улица и нивно сместување во Дневните центри за деца на улица се со привремен каратктер. Тие деца по 16 часот се повторно на улица и препуштени самите на себе.

Амбасадата за решавањето на овој повеќе децениски проблем побара посериозни и поголеми напори од институциите во решавањето на проблемот. Имено, доколку за семејствата кои ги злоупотребуваат децата и нивниот труд не се обезбеди барем за едно лице вработување, покрив над главата и вклучување на овие деца во задолжителното основно образование децата на улица ќе бидат и понатаму жртви на сиромасштијата и неписменоста. Побаравме за сите деца на улица да се обезбеди топол оброк, обувки, облека и учебници и школски прибор. Препорачавме Министерството за труд и социјална политика да направи посерозни напори децата од улица од најмал возраст да ги вклучи во предучилишните установи.

 

2. Дали тоа ќе го сузбие питачењето?

 

Кога овие деца ќе имаат покрив над главата, кога нивните родители ќе располагаат со минимални средстава што самите ги заработиле и кога нивните деца ќе бидат на училиште наместо на улица проблемот со злоупотребата на детскиот труд можеби нема да се искорени но секако ќе се намали. Децата на улица ако се вклучат во училиштето ќе бидат дел образовниот процес и ќе имаат други навики и потреби. Ќе треба и ќе мора да ги исплнуваат училишните обврски. Ако име се обезеди покрив над главата и по едно вработување на овие семејстав државата ќе има механизми за одземанње на овие погодности за овие семејства доколку ги најдат повторно децата на улица. Сигурни месечни примања и покрив над главата за почеток ветува успех.

 

3. Колку сместувањето во Дневните центри ќе го реши проблемот со децата на улица?

 

Дневните центри се со привремен караткер. Значат многу за децата. Се стекнуваат со основни хигиенски навики, таму се капат, им се обезбедува топол оброк, се описменуваат, се евидентираат во Регистерот на извод од матичната книга на родените, им се обезбедува вакцинација и бесплатна здравствена заштита. Секако се описменуваат и се охрабруваат да започнат и се вклучат во основното образование. Но, по напуштањето на Дневниот центар по 16 часот тие се препуштени повторно на улица, тие едноставно се притиснати од егзистнцијалните потреби и барања на своите родители и  морат да работат, собираат секундарни суровини, продаваат дребулии или да питачат. Дневните центри не се решение за проблеот со децата на улица.

 

4. Каква е ситуацијата со експлоатацијата на детскиот труд и со сексуалната злоупотреба на малолетници?

 

Оние кои се деца на улица тие се исклучени од образованието. Во Македонија има 18.500 деца што не ја посетуваат задолжителната настава во основното образование кое е загарантирано со Уставот и Конвенцијата за правато на детето. Над 2000 деца се катадневно на крстосниците со испружени рачиња и норма која мора да ја заработат. Тоа ги повредува основните детски права. Право на здрав и достоен живот, право на образование, право на здравствена грижа и топол дом. Многумина од децата на улица се жртви на проституција, подведување за оставарување материјална корист, трговија со деца, дистрибуирање и користење дрога, сексуална злоупотреба. Имавме и неколку случаи кога родителите  сексуално ги подведуваа децата со други возрасни луге за остварување материјална корист.

 

 

5. Според информациите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, колку деца во Македонија се оставени без родителска грижа?

 

Во Македонија над 2000 деца го поминуваат денот на улица живеејќи под ведро небо и во субстандардни услови. 30 % од нив се деца без родители и родителска грижа.

 

Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни - 58%, се Роми. Исто така, загрижува и сознанието дека: 15,5% од децата на улица се од предучилишна возраст, 64% на возраст од 7 до 14 години, 88, 5 % манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5% имаат толерантно социјално однесување (според Заводот за социјални дејности во Скопје).

 

Злоупотребата на детски труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со закон. Но напоменуваме дека, злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална злоупотреба  (детска проституција и порнографија), трговија со деца, деца војници.

 

 

6. Вашата организација подолго време го следи проблемот со децата на улицата. Имате ли предлози како овој проблем да се реши на долгорочен план?

 

Правото децата на улица да учат е природно право на секое човечко суштество. Ова важи особено за децата и особено за нив е од витално значење како за сегашноста така и за нивната иднина. Ако државата обезбеди задолжително бесплатно и пред се квалитетно образование за секое дете же може Македонија да г скрши порочниот круг на неписменост и сиромаштија. Воедно ова е и одговорот како да се справимесо детската експолатација и злоупотреба.

 

7. Ако се направи споредба колку се почитуваат правата на детето (на пример, за период од последните 10 години), кога најмногу се прекршени детските права?

 

Тешко е да се одговори на ова прашање. Кршења на правата на детето има континуирано и во најразличен вид. Некогаш на моменти, кога на пр. сме преплавени со случаи на педофилија, се чини дека никогаш како досега немало повеќе злосторства и злоупотреби врз децата. Имаме 5% од вкупниот број деца, кои не одат на училиште, насилството во семејствата, во училиштата е исто така зголемено. Но треба да се има на ум, дека за детските права порано малку се зборуваше. Сега и медиумите постојано информираат за вакви случаи. Тука е и граѓанскиот сектор, така што возрасните (а ретко некогаш и самите деца) се охрабрени да го пријавуваат насилството. Затоа понекогаш се чини дека сега има поголемо кршење на детските права отколку порано.   

 

8. Дали државата ги почитува Конвенциите во оваа област?

 

Конвенцијата за правата на детето е еден вид рамка за минималните стандарди кои треба да ги почитува секоја држава. Дете е секое човечко суштество кое не наполнило 18 години возраст и тоа е носител на права и е рамноправен субјект со возрасните. Возрасните се оние кои се обврзани  во секој момент да им пружаат на поддршка за да можат децата во целост да ги практикуваат своите права. Во 2000 година, Комитетот за правата на детето при ООН ја поздрави Македонија за постигнатите резултати во намалувањето на смртноста кај новороденчињата во последните години и напредокот постигнат во заштитата на правата на децата бегалци. Но истиот Комитет посочи низа загрижувачки теми на кои нашата држава требаше да се посвети повеќе овие последни 8 години. Особено беше посочено дека Ustavot i drugi zakonski akti, koi se doneseni pred stapuvaweto na sila na Konvencijata za Pravata na Deteto, necelosno gi otslikuvaat odredbite i principite na Konvencijata за правата на детето и principite i odredbite na Konvencijata ne se primenuvaat vo politi~kata i administrativnata praksa. Потоа беше забележано дека не постои механизам одговорен за кординација и проценка на примената на Конвенцијата. Во таа насока беше формирана и Комисија за правата на детето при Владата, меѓутоа и нејзиното функционирање се сведува на состаноци кои не резултираат со соодветни ефекти во поглед на унапредување на состојбата со правата на децата.

 

 Првата детска амбасада во светот Меѓаши веќе неколку години укажува на фактот дека на над 18500 деца во Македонија им е загрозено елементарното право: правото на образование. И покрај тоа не се преземени мерки досега за сите деца да се вклучат во основното образование. Сме укажувале на низа проблеми во остварувањето на детските права, од најразличен тип, но многу ретко следат активности за преиспитување на државните органи и преземање адекватни мерки, одговорност. За среќа има исклучоци, како на пример пред неколку месеци кога децата беа приведени деца под 14 години, без знаење и согласност на родител со полициско комбе во полициска станица. Беше покрената постапка од одговорните од ова Министерство и беше признато дека се прекршени процедурите за приведување и сослушување. Секако имаме соработка со ова министерство и во обука од наша страна како полициските инспектори да постапуваат со детето жртва или сведок на сексуална злоупотреба. Министертвата за внатрешни работи и за правда го поддржаа и печатењето на книгата „Одам на суд“ наменета за полициајците и судиите.

 

9. Колку Македонија обраќа внимание на заштитата на правата на детото во споредба со соседните држави?   

 

Зависи како ги гледаме работите. Ако на пр. започнеме со легислативата, институциите, промената на законите, конвенциите, тогаш логично би било да се констатира дека има напредок во почитувањето на правата на детето. Важно е дека Македонија пред 10 години доби заменик Народен правобранител за правата на детето, иако ние баравме да биде воспоставен Народен правобранител стриктно само за деца. Во 2001 година Македонија ја ратификува Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за најлошите форми на детски труд и Препораката за итно спречување на злоупотребата на детскиот труд. Во 2005 година е изработен Национален план за акција за правата на децата во Република Македонија за 2006-2015 година. Направени се дополненија и измени на законите кои се важни за детската заштита, но генерално најзагрижувачки е фактот што сите тие, помалку или повеќе, се уште не се спроведуваат во практиката онака како штое е предвидено. Тоа се случува од повеќе причини, како на пр. затоа што одредени законски измени се донесуваат без да се обезбедат претходно услови за нивна практична реализација, тоа некогаш означува непостоење на кадровска и техничка екипираност на државните институции кои треба да го спроведуваат законот во пракса, необученост на кадрите, изолирано дејствување или немање соработка и координација на повеќе нивоа или неадекватна поставеност на работите, како штое на пр, последнава акција на Министерството за внатрешни работи за питачењето, каде по секоја логика таа акција требаше стратешки да ја води Министерството за труд и социјална политика а МВР да биде една од државните карики која евентуално би помогнала во одреден сегмент на тој процес.  

 

За жал состојбата со правата на детето и кај соседните држави не е многу поразлична. Бугарија на пример нема Народен правобранител, но отвори Државна агенција за заштита на правата на детето. Србија неодамна ја доби институцијата правобранител и невладините организации таму лобираат за воспоставување на Детски правобранител. И во Албанија ситуацијата е тешка, имаат околу 200.000 деца кои не одат на училиште. Понатака сиромаштијата е тежок проблем и таа ги отежнува напорите и на нашата држава и на соседните (со исклучок на Грција) во реализирањето на детските права.

 

Колку една држава посветува вниманите на детските права зависи од сите нејзини граѓани, од сите институции, невладини организации, медиуми, социјално корпоративниот сектор. Македонија може многу повеќе да направи за своите деца! Потребно е само повеќе внимание кон децата и стратешки акции за решавање на горливите прашања кои секако не ќе можат да се решат преку ноќ, но ако им се пристапи темелно сигурно ќе вродат со плод.

 

10. Какви се резултатите од СОС-линијата 0800 1222 во Амбасадата Меѓаши? Дали децата се охрабруваат да побараат помош?

 

Бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 е прв телефон за деца и млади во Македонија кој континуирано функционира од 1993 година во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Постојат повеќе причини зошто децата и родителите се јавуваат на бесплатниот СОС телефон. Децата се меѓу најобесправените групи во општеството, со најмали можности за информирање, поддршка или помош кога им е потребно. Бесплатниот телефон 0800 1 2222 за деца и млади им дава можност на децата и младите да добијат помош, совет, а понекогаш само разговор за тековните проблеми во ова транзиционо време кога возрасните се помалку имаат време за разговор.

За период од 1993 до 2007 на СОС телефонот за деца и млади во Амбасадата Меѓаши имаме примено над 17 илјади повици во врска со проблеми поврзани со насилство ( физичко, сексуално, психичко), проблеми со семејството, со другарчињата, љубовни проблеми, лични проблеби и други.

Од почетокот на оваа  2008 година до сега на СОС телефонот регистрирани се над 150 повици од деца и малди како и родители,наставници, соседи итн....

Според горенаведените податоци може да се заклучи дека СОС телефонот за деца и млади е од голема важност  за децата и младите  во Македонија.

Низ постојаните реакции, барања и апели кои Детската амбасада ги упатува до институциите преку медиумите, постојано ги  охрабруваме  децата и родителите да проговорат за својот проблем, можеби само еден телефонски повик ги дели од помошта и поддршката.

 

11. Кои се идните активности на Првата детската амбасада во светот Меѓаши?

 

Амбасадата во наредниот период ќе продолжи интензивно да работи на полето на детскиот труд, борба против сексуалната злоупотреба на децата и педофилијата. Подготвуваме водич за превенција и заштита на децата од педофилија. Мојата колешка и сопруга Гордана Пирковска Змијанац како  национална координаторка на Глобалниот марш против злоупотреба на детскиот труд во Македонија се врати од Софија каде учествуваше на Пан-Европската - Магреб Конференција на Глобалниот марш против детскиот труд, од 16 до 18 септември. Тоа беше историска конференција бидејќи се формира нова организација на Глобалниот марш против детскиот труд, чие седиште ќе биде во Брисел и што воедно ги отвара вратите за еден нов и се надевам поефикасен приод кон решавањето на проблемот со детскиот труд во регионот. Во Софија беше избран и Комитетот на новата организација каде како членови од Балканскиот регион беа избрани Емилија Бачева од Бугарија и Гордана Пирковска Змијанац од Македонија.

Секако продолуваме со активности за спречување на најлошите форми на злоупотребата на детскиот труд. Секоја година се вклучуваме на светско ниво во Глобалната кампања за образование со цел да се зголеми раната детска грижа за едукација, де се обезбеди бесплатно задолжително образование за сите деца, да се зголеми писменоста и да се подобри квалитетот на образованието. Поразителен е фактот за сите влади во светот дека 73 милиони деца и над 800 милиони возрасни во моментот се без придобивките на образованието. Образованието за сите е темелна вредност која донесува сигурност дека луѓето од сите возрасти имаат можност да ги развиваат сопствените способности во целост.

И понатака нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 12222 ќе биде отворен за разговори и пријавување на сите облиц на насилство, ќе се залагаме преку нашата бесплатна правна служба за почитување на правата на децата и ќе продолжиме со грижа за децата кои се сместени во нашиот Дневен центар за деца на улица.