Почетна » Архива » 2008



Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија по трет пат ја спроведува кампањата за одговорно родителство со повеќе внимание и љубов кон децата, но сега со слоганот

„ДАЛИ ДЕНЕС РАЗГОВАРАВТЕ СО ВАШЕТО ДЕТЕ?‘‘

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

За таа цел изработени се шест мотиви за билборди, со различни ситуации на семејства: родители кои се презафатени и немаат време да им посветат внимание на децата и да разговараат со нив и родители кои им посветуваат внимание и време на децата и разговараат со нив за сите секојдневни активности и преокупации кои ги имаат децата.

Амбасадата Меѓаши преку 42 билборди во градот Скопје и 18 билборди во другите градови во Македонија  ќе ја пренесе пораката дека на децата  треба да им посветиме време и внимание. Со децата треба да се разговара, да се прашаат како им е, како поминаа на училиште, како со другарчињата, како ги совладуваат наставните соддржини и се што е во сферата на нивните потреби и интереси.

Оваа кампања е продолжение на кампањата “Дали денес го гушнавте вашето дете” и „Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?‘‘ кои Првата детската амбасада во светот Меѓаши ги спроведуваше на почетокот на 2007 и 2008 година. Целта на кампањата е поттикнување на одговорно родителство. Колку почесто на децата им се покажува љубов прегрнувајќи ги, бакнувајќи ги и кажувајќи им “те сакам”, толку повеќе ќе сакаат да покажат дека ја заслужуваат. Љубовта овозможува градење на чувство на самодоверба и самопочит кај децата. Но, сами по себе, гушкањето и кажувањето на детето дека е сакано, не се доволни. Потребно е и да се разговара...

Кампањата и оваа година се спроведува во партнерство со Акцент Медиа кои бесплатно отстапија 60 локаци низ Република Македонија на кои се поставени билбордите. Илустрациите се изработени од Смиле Цветановски, илустратор, Податоците на нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 12222 (бесплатна линија) говорат дека децата се повеќе се осамени и отуѓени. Дека родителите се помалку им посветуваат внимание и време за разговор.

Намерата е да влијаеме на создавање поодговорно родителство.